Лекот за здраво срце

Добар ноќен сон - здраво срцеДремнување, одење на спиење рано навечер… сите сметаме дека тоа е еден вид мрзливост, но ретко кој од нас знае дека тоа го „сака“ нашето срце!

Научниците откриле дека квалитетен и оптимален сон може да помогне во одржување на здравјето на срцето и крвните садови, а тоа всушност значи помал ризик од срцеви болести и срцев удар. Во петгодишната студија извршена врз средно возрасни луѓе било утврдено дека тие што имале квалитетен и доволно долг ноќен сон имале ниско ниво на калцумски депозити во нивните артерии. Ова е добра вест бидејќи калциумовите депозити помагаат во формирање на плаф врз ѕидовите на крвните садови, тие се стеснуваат па дури можат и потполно да се затнат.

Но студијата не открила дали има екстра придобивки ако човекот спие подолго од 8 часа, бидејќи вообичаено ноќното спиење трае 7 до 8 часа во зависност од возраста. Како и да е , нема сомнение дека здравите навики во врска со спиењето се добри за срцето и крвните садови и за општото здравје на нашиот организам. Се разбира дека постојат и други ризик фактори како што е наследниот фактор, пушењето, физичката неактивност и др.

Лишувањето од сон ·покрај тоа што е лошо за срцето може да му наштети на здравјето на многу други начини. Може да предизвика поспаност, раздразливост, стрес, склоност кон предизвикување несреќи, па дури и зголемување на телесната тежина.

Значи добриот сон е добар за сѐ, но понекогаш никако не можеме да заспиеме! Еве неколку испробани начини како да го „викнете“сонот:

 

Normal 0 false false false MK X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4

Научниците откриле дека квалитетен и оптимален сон може да помогне во одржување на здравјето на срцето и крвните садови, а тоа всушност значи помал ризик од срцеви болести и срцев удар. Во пет годишната студија извршена врз средно возрасни луѓе утврдено дека тие што имале квалитетен и доволно долг ноќен сон имале ниско ниво на калцумски депозити во нивните артерии. Ова е добра вест бидејќи калциумовите депозити помагаат во формирање на плафврз зидовите на крвните садови, тие се стеснуваат па дури можат и потполно да се затнат. Но студијата не открила дали има екстра придобивки ако човекот спие подолго од 8 часа, бидејќи вообичаено ноќното спиење трае 7 до 8 часа во зависност од возраста. Како и да е , нема сомнение дека здравите навики во врска со спиењето се добри за срцето и крвните садови и за општото здравје на нашиот организам, се разбира дека постојат и други риаик фактори како што е наследниот фактор, пушењето, физичката неактивност и др.

Лишувањето од сон  покрај тоа што е лошо за срцето може да наштети на здравјето на многу други начини. Може да предизвика поспаност, раздразливост, стрес, склоност кон предизвикување несреќи, па дури и зголемување на телесната тежина.

Значи добриот сон е добар за се, но понекогаш никако не можеме да заспиеме!Еве неколку испробани начини како да го „викнете“сонот:

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Собата во која се спие не треба да биде ни топла ни ладна (околу 18 степени) и добро проветрена.

Слушајте тивка музика или читајте лесна литература за да се релаксирате и да го поттикнете организмот да ги лачи хормоните серотонин и мелатонин.

Вечерајте околу 19 часот лесна вечера за да не го преоптоварите желудникот и системот за варење. За подобро и побрзо да заспиете земете некој од овие прехрамбени продукти:

1. Банани – Тие се практично пилула за спиење во кора. Покрај што потикнуваат лачење на мелатонин и серотонин, бананите содржат магнезиум, кој помага за опуштање на мускулите.
2. КамилицаЧај од камилица е многу добар за заспивање заради неговиот благ седативен ефект, што го прави совршено природен противотров за немирни умови и тела.
3. Топло млеко – Тоа не е само мит. Млекото има триптофан, амино киселина која има седативно дејство, како и калциум, што му помага на мозокот да го употреби триптофанот.  Плус, тука е и психолошко враќање назад кон детството, кога тополо шише значеше “Опушти се, сè е во ред.”
4. МедЛажица мед во вашето топло млеко или чај е како дождец врз сува земја. Многу шеќер е стимулирање, но малку гликоза му кажува на  мозокот да го исклучи orexin-от, неодамна откриен невротрансмитер кој е поврзан со будност.
5. Компири – Еден мал печен компир може да поттикне проѕевање-поттикнување на триптофан. Благотворно делува,  смеса од компири и топло млеко.
6. БадемиБадемите спаѓаат во група на јаткасти плодови како и оревите и се мошне здрави за срцето. Тие содржат триптофан како и убава доза на мускул-релаксирачки магнезиум.
7. Ленено масло – Кога нема природен дожд може и вештачки. 2 лажици од овие здрави мали семчиња или малку ленено масло во овсена каша добро ќе ви дојде пред спиење. Лененото семе и масло се богати со омега-3 масни киселини.
8. Пченичен лебПарче тост со вашиот чај и мед ќе порача инсулин, кој му помага на триптофанот да  стигне до мозокот, каде се претвора во серотонин и тивко мрмори “време е за спиење.”
9.Овсена каша Овесот е богат со мелатонин. Мала порција на топла овсена каша со јаворов сируп ќе ве лансира брзо во пределите на добар сон.

10.Мисирка – Тоа е најдобро познат извор на триптофан. Но, тоа е всушност модерен фолклор.  Но не е спорно дека парче посно месо од мисирка и пченичен леб е вечера за добар сон.

 

 Што ако ниту еден од овие совети продукти од храна не помага? Проверете и испитејте што му пречи на вашиот сон. Сигурно ќе откриете! Таблетите за спиење – само ако ништо не помага, а сте ужасно гладни за сон.

- Реклама -