Daily Routines е блог на кој може да дознаете какви се дневните рутини на познатите писатели, уметници, филозофи, политичари, архитекти и некои други интересни личности. На пр. таму ќе дознаете дека Кафка бил ноќна птица, додека Кант бил ранобуден, Карл Маркс бил страсен пушач, Наполеон Бонапарта уживал во шахот, Буш јадел брзо, но вежбал често…
Daily Routines е блог на кој може да дознаете какви се дневните рутини
на познатите писатели, уметници, филозофи, политичари, архитекти и
некои други интересни личности. На пр. таму ќе дознаете дека Кафка бил
ноќна птица, додека Кант бил ранобуден, Карл Маркс бил страсен пушач,
Наполеон Бонапарта уживал во шахот, Буш јадел брзо, но вежбал често…
Описите се собрани од изјави, списанија, книги, веб страници итн.
Еве како го поминува денот познатиот јапонски писател Харуки Мураками:
„Кога сум во форма за пишување роман, станувам во 4 часот наутро и работам од 5 до 6 часа. Попладне, трчам околу 10 километри или пливам околу 1500 метри (или ги правам и двете работи), потоа читам малку и слушам музика. Си легнувам во девет часот навечер. Се држам до оваа рутина секој ден без варијации. Повторувањето само по себе станува битна работа; тоа е некаква форма на хипноза. Се хипнотизирам себеси со цел да постигнам подлабока состојба на умот. Но, за да се одржи таквата рутина долго време – шест месеци до една година – бара голема ментална и физичка сила. Во таа смисла, пишувањето долг роман е како тренинг за преживување. Физичката сила е исто толку потребна, колку и уметничкиот сензибилитет.“ – The Paris Review, лето 2004
А дека дневните рутини на големите умови не се нималку гламурозни и лежерни можеме да заклучиме и од оваа духовита изјава: „Математичарот е машина која го претвора кафето во теореми“ – Paul Erdös – математичар кој предозиран со пилули и кофеин по 18 часови работел на своите теореми.