Disney работи на интерактивни роботи за Disneyland (видео)

Во Disneyland веќе има неколку роботи кои имаат програмирани движења, но замислете колку би биле забавни интеракциите со тие роботи.

Токму тоа е целта на овој последен инженерски напредок кој ќе овозможи интеракција помеѓу ликовите од Disney и посетителите. Користејќи надворешна камера, сензор сличен на оној од Microsoft Kinect, и неколку алгоритми предвидуваат каде ќе се движи топката, мало движење на главата симулира дека роботот ја следи топката со своите очи за да ја фати.

А ако не успее да ја фати топката, роботот ја бара наоколу или пак збунето ги подига рамeната.

- Реклама -