Џесика Симпсон имаше проблем со тежината неколку години, но по раѓањето на нејзината ќерка Максвел во мај, таа се заколнала дека ќе ја загуби прекумерната тежина.
И сега, по четири месеци на строга диета, нејзиниот успех е очигледен. Според TMZ, 32 годишната Џесика ослабела неверојатни 27 килограми со здрава исхрана. Нутриционистичкиот план бил развиен од нејзиниот поранешен личен готвач и се придржува до системот на поени на WeightWatchers, во кој секоја храна има вредност базирана на калории и маснотии.
Нејзината диета започнала во јули со 15 дневна исхрана со шејкови, со постепен преод кон цврста храна. Џесика Симпсон ја прошетала својата нова фигура додека ѝ помагала на сестра ѝ Ешли да ја промовира нејзината нова модна линија во Тампа, Флорида. Таа се појавила и во официјална реклама на WeightWatchers, велејќи: „Има многу притисок да се загуби тежината, но јас не сум супермодел.“
„Јас сум само Џесика и се обидувам да јадам вистинска храна во вистинскиот свет и едноставно сакам да бидам здрава поради мојата ќерка па знаев дека WeightWatchers е единственото решение. Ова беше успех и јас се чувствувам одлично. Едноставно сакам да бидам подобра верзија на себе.“