Диета со компир

Според бројни мислења  компирот е штетен за луѓето, кои се борат со килограмите .

Всушност, тоа не е точно. Прво, во 100 гр. компири има само околу 80 калории. И второ, во овој производ има големо количество витамин Ц, како и елементи исклучително корисни за срцето. Затоа диетата која ќе ви ја презентираме, е навистина ефикасна и здрава! Се држи четири дена, после кои што се слабее минимум 2 килограми.

Прв ден

Појадок: Исечете го вашиот омилен плод на ситно и додадете јогурт во чаша. По желба можете да ставите и малку овес.

Ручек: 600 гр. компири се сечат на парчиња и се побиберуваат, а потоа се варат. Непосредно пред да станат подготвени, додадете и 100 гр. рендано сирење. Конзумирајте само половина количество.

Ужина: Мандарина, портокал или јаболко.

Вечера: Другата половина од компирите, останати од ручекот, зачинете ги со сос од јогурт и лук.

 

Втор ден

Појадок: 50 гр. нискомаслена урда и 1 кришка  пченкарен леб.

Ручек: 4 варени компири средни помешајте ги со чорба од карфиол или брокула.

Ужина: Чаша ниско калорично свежо млеко.

Вечера: Направете си супа од компири и зеленчук по избор. Без фиде! Каснете си, колку и да ви се јаде од неа.

 

Трет ден

Појадок: 200 гр. јогурт.

Ручек: 200 гр. компири, печени со 1 јајце, малку сирење и свежи домати.

Ужина: Јаболко или грејпфрут.

Вечера: 200 гр. печен компир со 50 гр. урда.

 

Четврт ден

Појадок: Леб со 50 гр. пилешко месо и половина грејпфрут.

Ручек: 200 гр. варени компири, салата од пиперки и домати.

Ужина: Чаша сок од моркови и 1 кришка леб.

Вечера: Сварете 300 гр. компири. Сечете ги на коцки и додадете кромид, лук, 50 гр. сирење и 3-4 лажици јогурт. Може да ги зачинети со малку сол и сок од лимон.

- Реклама -