Талин, 1 март 2022 (МИА) – Суспензија на членството на Русија во Советот за безбедност на ОН е тешка задача, со оглед на спецификите на таа организација. Со таков став денеска излезе британскиот премиер Борис Џонсон.
„Навистина е тешко да се направат какви било промени во структурите на ОН без гласање. Русија има право на вето во Советот за безбедност. Не можеме да ги промениме правилата без согласност на Русија“, нагласи Џонсон на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и естонскиот премиер Каи Калас во Талин.
Џонсон одговори на прашањето на новинарите за идејата за суспендирање на членството на Русија во Советот за безбедност на ОН поради инвазијата врз Украина.