Џонсон разговарал со Зеленски за испорака на оружје со долг досег

Фото: Од средбата при посетата на Џонсон на Киев на почетокот на април

Лондон, 5 мај 2022 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повторно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а Даунинг стрит 10 соопшти дека двајцата лидери разговарале за „настаните на бојното поле и барањата на украинските вооружени сили“.

Тоа вклучува, додаде тој, давање на Украина „оружје со долг досег за да се спречи бомбардирање на цивили“.

Од даунинг стрит 10 додаваат дека Џонсон ја истакнал важноста на силен и независен меѓународен судски процес за да се осигура дека одговорните за злосторствата во Украина ќе одговараат за предизвиканите страшни последиците низ оваа земја.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -