Џонсон по бомбардирањето на породилиштето во Мариупол: Путин ќе одговара за своите злосторства

Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди денешниот руски напад врз детска болница и породилиште во Мариупол, порачувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин ќе одговара за своите злостоства.

„Нема многу нешта позлобни од таргетирање на ранливите и оние кои не можат да се бранат. Велика Британија бара начини за повеќе поддршка на Украина за одбрана од воздушните напади и ние ќе настојуваме Путин да одговара за неговите ужасни злосторства“, напиша Џонсон на Твитер, додавајќи хаштаг дека „Путин не смее да успее“.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -