Нерасположени сте и ненаспани, а надвор дождот, недостатокот од светлина и паднатите лија прават да се чувствувате депресивни. Ако е така, веројатно патите од меланхолија.
За да ја победите оваа „есенска болка“ јадете намирници богати со витамин D, повеќе шетајте на дневна светлина, трчајте или вежбајте.
Есенската меланхолија ја карактеризираат замор, лоша концентрација, чувство на осаменост и зголемен апетит.
Добра вест е тоа што оваа состојба е привремена, а причините се негативна психолошка реакција на темнина, ниско ниво на хормонот на среќа, големо производство на мелатонин кој предизвикува поспаност и недостаток на витамин D.
Слушајте што поведри песни на работа, а во слободно време правете нешто креативно или читајте книга.
Збогатете го својот социјален живот и не одбивајте покана за кафе или кино, поради времето надвор.
Кога сте дома, средете го домот. Исфрлете ги сите непотребни работи бидејќи оптовареноста на просторот ја зголемува депресијата. Кога ќе го завршите тоа, освежете го станот со детали во ведри бои и цвеќе.