Есенски книги што топлат и инспирираат

Кога што се ближи ноември и времето надвор станува студено и сиво, најмногу сакаме да се обвиткаме  во ќебе, да се напиеме шолја какао и да си ставиме до нас колачиња.

Сетоа тоа, можете да го искомбинирате со добра приказна, која ќе ве потсети дека сончеви денови ќе има многу повеќе.

Во продолжение ви нудиме неколку предлози.

Бејбивил – Џејн Грин

Бејбивил - Џејн Грин

Бебиња – слатки мали суштества (Всушност, за кого како). Некои очајнички ги посакуваат, а не ги добиваат, некои ги посакуваат, ама ги добиваат сосема случајно, некои пак, воопшто не ги ставаат во агендата на својот живот, а сепак ги добиваат.

Како и да е, планирани или не, имаат неверојатна моќ да сменат сечиј живот и сечии планови и ставови уште пред да дојдат на свет. Џулија е една прекрасна, ведра, позитивна девојка со одлична кариера. Таа има многу пријатели и најважното – одличен маж покрај себе, премногу добар за да биде вистинит. Накратко, секој би посакал да е на нејзино место.

Но, не е злато сè што сјае, нели?

Чоколадо – Џоана Харис

Чоколадо - Џоана Харис

Вилијан Роше заедно со својата ќерка Анук на денот кога има карневал се наоѓаат во француското село Ланскенет и по наговор на својата ќерка решава да останат во тоа мирно француско село, всушност некаде и треба да се задомат па може тоа да е и тука.

Изнајмуваат куќа која преходно била пекара ја средуваат и отвараат продавница за чоколади. Меѓутоа продавницата се наоѓа наспроти црквата и баш на денот на отварањето започнуваат Велигденските пости.

Отецот Рено препознава во продавницата сериозна опасност и нејзините производи ги прогласува за смртен грев. Но и покрај тоа во нејзината продавница доаѓаат жителите за да уживаат во нејзините специјалитети и набрзо тоа е место каде што се шепотат тајни, се остваруваат соништата и се олеснува болката.

Џоди Пико – Заедно

Заедно П.С Љубовна приказна - Џоди Пико

Семејствата Хард и Голд живеат едно до друго веќе осумнаесет години, делејќи сѐ, од малата сипаница до возењето на децата на училиште. И децата, како родителите, се најдобри пријатели, така што никој не е изненаден кога, во средно училиште, пријателството помеѓу Крис и Емили прераснува во нешто повеќе. Тие се сродни души уште од раѓањето.

На полноќ. кога почнуваат да пристигаат телефонски јавувања од болницата, сите се изненадени во ужасното сознание: Емили е мртва во својата седумнаесетта година од последиците од ранување во главата, при спогодбено самоубиство. Во цевката на пиштолот останал уште еден куршум, за кој Крис тврди пред полицијата дека го наменил за себе, но локалниот инспектор се сомнева во неговата изјава. Во еден застражувачки момент, Хартови и Голдови мораат да се соочат со најголемиот страв на секој родител: колку го познаваме своето дете?

Пилешка супа за душата

Пилешка супа за душа

Преку 101 животна приказна, авторите нѐ потсетуваат на големината на човекот, на филозофијата за среќен живот. Овие приказни вистински пленуваат со својата содржина, ја исполнуваат душата, ја враќаат вербата и љубовта кон светот.

Подучуваат, инспирираат, насмевнуваат, трогнуваат… целосна разновидност на емоции.

Оваа книга е прирачник за светлата страна во секоја ситуација. Како прегратка од пријател во моменти кога се чуствуваме осамени.

 

- Реклама -