Недостаток од креативност? Има решение

Луѓето стануваат двапати повеќе креативни додека шетаат, а не седат, констатира американско истражување, цитирано од весникот “Дејли мејл”.

Екипата на д-р Мерилин Опецо од универзитетот во Санта Клара, Калифорнија, не советува, ако сакаме да добиеме  некоја иновативна идеја, најдобро е да се излеме на прошетка во паркот. Научниците спровеле серија експерименти во кои волонтерите биле подложени на тестови за креативност. Кај некои од нив тие учествувале во асоцијативни игри додека шетале, а во другите – во седечка положба пред бирото. Најдобри резултати постигнале волонтерите во движење, без разлика дали тоа се случувало  надвор или во затворени простории.

Дури и ако учесниците движеле  во инвалидски колички,  тие постигнувале подобри креативни резултати од луѓето, сместени зад шалтерите.

Придобивките од прошетка биле истакнати во креативна смисла дури  и откако волонтерите седнувале зад шалтерите. Поради оваа причина д-р Опецо ги советува вработените, на кои им претстои состанок, поврзан со креативни решенија, да се прошетаат пред него.

Но,  некои нешта биле подобро завршени зад биро, истакнува тимот. Така на пример креативни задачи кои бараат само еден точен одговор, биле решавани подобро во седечка положба.

- Реклама -