Тимот зад YouTube каналот Crombat, кој се бави со рецензија на готови јадења, овојпат како сценографија ја одбра огромната напуштена подземна воена база и поранешен воен аеродром Жељава, сместена на границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.
Во таков сетинг, дечкиве отворија и дегустираа класичен војнички дневен оброк кој ЈНА во тоа време, пред 30 и кусур години, редовно им го служеше на своите војници.
Што тоа излезе од конзервите и дали храната ја каснал забот на времето, ќе видите во видеото.