Дебелината е официјално болест во САД

Од завчера 18 Јуни 2013, Американското Медицинско Здружение на годишниот самит во Чикаго, ја изгласа дебелината за болест. Нивната цел во наредната година е да им помогнат на лекарите како да се справат со болеста, а исто така ќе добијат и обука за консултација со родителите. Оваа “болест” се проценува дека го напаѓа секој трет Американец. Со овој потег А.М.З. ја креира најголемата група на пациенти во САД, која се проценува на околу 126 милиони жители.

Во Чикаго, покрај гласањето, се изгласаа и првите дроги против оваа болест, кои ќе бидат препишувани на сите кои се “заразени”. Qsymia и Belviq се веќе една година на пазарот во САД и покрај тоа што има индикации дека можеби предизвикуваат дефекти при раѓањето и дисфункции на репродуктивниот систем.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Најинтересниот момент била дискусијата дали е во ред да се препознае дебелината како болест, поради тоа што нема никакви параметри врз основа на кои може да се дефинира. Асоцијацијата за наука и јавно здравје, врз основа на едно годишно испитување, се изјаснила дека нема начин на кој би се поставила дефиниција за дебелината и била против таквата одлука. Исто така ниту еден универзитет кој имал било какво испитување во врска со дебелината, не ја подржал ваквата одлука.

Превземено од: The New York Times

- Реклама -