Тешко е да се придржувате до здрава исхрана кога не сте дома. Штом излезете од вашата куќа, веднаш сте опкружени со евтина, брза, вкусна но не многу здрава храна на која тешко можете да одолеете кога сте гладни. Но, под вашиот покрив, каде што вие самите ги купувате намирниците и ги подготвувате оброците, лесно е да се храните здраво.
Тешко е да се придржувате до здрава исхрана кога не сте дома. Штом излезете од вашата куќа, веднаш сте опкружени со евтина, брза, вкусна но не многу здрава храна на која тешко можете да одолеете кога сте гладни. Но, под вашиот покрив, каде што вие самите ги купувате намирниците и ги подготвувате оброците, лесно е да се храните здраво.
Ова е грешна претпоставка. Неколку студии покажуваат дека вашата кујна има големо вилјание на вашите напори за губење на килограми. Но, пред да помислете дека вашата куќа работи против вас, ова се добри вести, можете да почнете да слабеете без да ја менувате вашата диета. Сè што треба да направите се овие бесплатни модификации на вашата кујна, по што можете да слабеете без напор.
Намалете ја светлината
Силните светла можат да го подигнат нивото на стрес, го зголемуват вашиот апетит и ве тераат да јадете побрзо. Ова предизвикува завршување големи порции пред вашето тело да има шанса да ви го пренесе чувството на заситеност (потребни се 20 минути за желудникот да му каже на мозокот дека е полн. За најдоброто осветлување во вашата кујна и трпезарија, заменете ги прекинувачите за светилките со потенциометри.
Додадете букет
Мирисот на цвеќето може да го спречи прејадувањето за време на вечерата. Мирисот кој не одговара со она што е на вашата чинија го намалува апетитот. Во студија која го истражувала овој феномен, луѓето на кои им била дадена овесна каша со мирис на јаболка и цимет јаделе повеќе од оние кои добиле овесна каша со мирис на макарони со сирење. Нема потреба да правите комбинации кои ќе го уништат вашиот апетит, но мала забуна на вашите сетила – предизвикана од букет свежо цвеќе или миризлива свеќа – ќе ви помогне да ги ограничите вашите порции.
Користете помали чинии и лажици
Порциите ги мериме со приборот за јадење. Една топка сладолед изгледа добро во чинија од 250 милиграми, но многу мала во чинија од 500 милиграми. Големината на чиниите може да ги збуни и професионалците: кога на експерти за храна им биле дадени поголеми чинии, тие јаделе 31 процент повеќе сладолед, кога добиле поголеми лажици, јаделе 15 проценти повеќе.
Скријте ги остатоците
Сте го скокнале последното парче пица за да заштедите на калории, но секој пат кога ќе го отворите фрижидерот, тоа ве повикува. Не создавајте ситуација во која ќе бидете искушени: Завиткајте го парчето во фолија за да му одолеете до следниот оброк.
Оставете ја храната во кујната
Со поставување на храната на трпезариската маса, полесно ќе ви биде да се послужите со втора порција (па дури и трета). Избегнете ја оваа ситуација преку послужување на готови порции и оставање на другата храна во кујната. Ова било потврдено во истражување кое покажало дека оние жени кои ја оставиле храната во кујната јаделе 10 проценти помалку од оние кои ја поставиле на масата. Еден исклучок, чувајте ја салатата на масата, јадењето повеќе зеленчук никогаш не е лоша работа!