
Четворосед чини 38.900 евра, додека цената на двоседот е околу 37.900 евра.
Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот дастер со опрема џурни.
За двоседот е достапен и префабрикуван кампер модул. Со подигнат покрив, возилото има висина од 2,10 метри, а опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 сантиметри, фрижидер од 25 литри, шпорет, мијалник со резервоар од 32 литри и бојлер од шест литри.
Исто така, има касетен тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање.
Верзијата со две седишта е особено интересна за занаетчиите и другите деловни корисници. Нејзината рамна платформа е долга 1,65 метри, а максималниот капацитет на товар е 430 килограми.
Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски мајлд хибрид со 150 коњски сили, со погон на сите четири тркала.
Засега, дастер пикап е достапен само на францускиот пазар.



