Црни кутии задолжителни во американски автомобили по 2015 година

Ако биде изгласан еден амандман на веќе постоечки закон за транспорт во САД ќе го направи поставувањето на црни кутии во автомобилите задолжително.

Иако ова значи дека расветлувањето на условите под кои се случила сообраќајна несреќа ќе биде многу полесно многумина се загрижени за приватноста.

Еден услов во MAP-21 законот, кој ги одобрува трошоците и програмите на федералната власт за одржување на автопати, би им наложил на производителите да поставуваат “event data recorders” (EDR или „црни кутии“) во сите автомобили произведени по 2015 година. Овие направи би морале да се придржуваат до Кодот за Федерални Регулативи што значи дека би морале да ја снимаат брзината и забрзувањето на возилото, дали се активирало воздушното перниче, дали ременот бил во употреба и неколку слични фактори, во моментот на несреќата и неколку секунди претходно.

Прочитајте и:  Тајмс: Со американските ракети Украина веројатно прво ќе ги гаѓа руските и севернокорејските војници во Курск

EDR направите не ја снимаат дестинацијата и се запишуваат само информации кои се поврзани со потенцијална несреќа. Исто така податоците ќе бидат сопственост на сопственикот на возилото и ќе бидат достапни за други само со судски налог. Но информации од· EDR и претходно биле користени за одредување на вина во сообраќајни несреќи, па ако истите бидат поставени во повеќе автомобили би создало податоци кои – како со информациите за телефони и локации – би можеле да бидат злоупотребени.

Сепак кај поновите модели на автомобил ова е излишно прашање. Според американската National Highway Traffic Safety Administration, која го истражувала инсталирањето на EDR направи веќе неколку години, околу 64 проценти од сите патнички автомобили произведени во 2005 година биле опремени со направите и во извештајот од 2006 година се очекувал пораст на тој процент.

- Реклама -