Чоколадото го намалува ризикот од мозочен удар кај мажите

Не дека ни е потребен изговор за да јадеме чоколадо, но една нова студија на Кролнска Институтот во Стокхолм налага дека умерените количини секоја недела се поврзани со намален ризик од мозочен удар кај мажите.

Луѓето кои јадат најголеми количини чоколадо имаат 17 проценти понизок ризик од мозочен удар или 12 мозочни удари помалку на секои 100.000 години по човек, споредено со оние кои не јадат чоколадо. Години по човек е вкупниот број на години во кои доброволците биле набљудувани.

„Овие откритија наведуваат дека конзумирањето умерени количини чоколадо може да го намали ризикот од мозочен удар“ изјавила Сузана Ларсон од Каролинска Институтот во Стокхолм. „Бидејќи чоколадото содржи многу шеќер, заситени масти и калории, треба да го конзумирате во умерени количини.“

Во студијата биле опфатени 37,103 мажи на возраст помеѓу 49 и 75 години кои одговориле на прашањето колку често конзумираат речиси 100 типови на храна и пијалаци. Во текот на 10 години биле забележани 1995 случаи на мозочен удар но немало разлика во асоцијација според типот на мозочен удар…

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Анализа на слични студии исто така налага дека има намалување на ризикот за 19 проценти само со конзумирање на чоколадо. Но пред да посегнете по чоколадото знајте дека има и други фактори. Истражувачите спомнуваат дека оние луѓе кои јаделе повеќе чоколадо биле помлади од оние кои јаделе повеќе чоколадо.

Оние кои јаделе чоколадо исто така имале универзитетско образование и користеле Aspirin, но имале помали шанси да бидат пушачи или да имаат историја со хипертензија или атријална фибрилација. Накусо, јадењето чоколадо би можело да биде една од причините зошто кај тие луѓе имало намален ризик од мозочен удар. [Chocolate consumption and risk of stroke]

- Реклама -