Citroen бара начини за излез од кризата, па размислува на пазарот да лансира два сосем нови кросовера, открија специјализираните медиуми во Германија и Франција.
Првиот ќе биде од висока класа и ќе треба да им конкурира на јапонските и германските модели. Тој веќе си има внатрешно корпоративно име B974, но се очекува да излезе на пазарот како DS-X. Тоа значи дека машината ќе биде од премуим-класа, како што се трите модели на Citroen од оваа линија – DS3, DS4 и DS5. Се очекува возилото да добие бензински турбо мотори со зафатнина 1.6 литри и моќност од 150 и 200 КЅ. Во највисоко ниво на опрема идниот Citroen DS-X ќе се нуди со погон на четири тркала и автоматски менувач.
Вториот кросовер ќе го носи името E3 Essential, а за негова основа ќе се користи легендарниот модел на француската марка – 2CV, познат и како „грдото пајче“ . Дизајнот на возилото ќе биде по урнек на концептот C Cactus, кој беше прикажан на салонот во Франкфурт, во 2008 година.Се очекува должината на кросоверот да биде околу 4.2 метри, а каросеријата ќе е со 5 врати. Во внатрешноста ќе има пет седишта, E3 Essential ќе има старт-стоп систем и камера за возење наназад. Голем негов адут треба да биде цената, која ќе биде целосно прифатлива за европските пазари.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.