Чуму пепелници во авионите кога пушењето е забрането?

Пушењето во американските авиони е забрането уште во 1988-та година, а од 90-тите таквиот чекор го следат и авионските компании и во другите земји. Сепак, прописите наложуваат дека во тоалетите мора да има пепелници.

Тоа е така затоа што авио-компаниите стравуваат од проблемите што може да ги предизвикаат патниците што не ги почитуваат прописите и законите. Кога не би имало пепелници, некој од таквите патници би можел да ја изгаси цигарата фрлајќи ја во мијалникот или корпата за хартиени марамици. Се разбира, поставувањето на пепелници за таквите е многу подобра опција отколку пожар во полн авион, среде лет.

no_smoking_airplane-709x434[1]

Заканата не е само теоретска. Во 1973-тата, 123 луѓе загинаа на летот од Рио до Париз, кога пилотот беше приморан принудно да слета заради дим во пилотската кабина. Многу од патниците се задушиле уште додека авионот бил во воздух, а се претпоставува дека пожарот настанал од запалена цигара фрлена во корпата за отпадоци.

Оттогаш, компаниите многу внимаваат на ова правило. Во 2009-тата, британскиот Боинг 747 кој леташе кон Мексико, беше приземјен откако се востановило дека во авионот нема пепелници. Летот продолжил дури откако биле донесени пепелници од друг авион. „Се работи за законска обврска, бидејќи, иако пушењето е забрането, ако некој сепак се одлучи да запали, мора да има место каде што ќе може безбедно да ја изгаси цигарата“, рече тогаш портпаролот на Бритиш Ервејс.

- Реклама -