Чудотворен напиток за срце: Лек стар 800 години

Создавач на прочуениот напиток е калуѓерката Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години. Подоцна нејзиниот рецепт за срцеви заболувања го превземале и познати доктори и го објавиле во свои пишани дела.

Калуѓерката советувала дека секое домаќинство треба да го има овој рецепт, со чија што помош се постигнуваат невидени успеси. Рецептот го пренесе во поново време прочуената билкарка Марија Требем, авторка на книгата „Здравје од божјата аптека“.

Природниот лек за срце се покажал како многу успешен кај луѓе со срцеви заболувања. Се користи кога ќе почувствувате срцеви мачнини како треперење, прескокнување, стрест.

prirodni-lek-za-srce

Потребно е:

10 свежи стебленца магдонос (без корен)

литар домашно црно или бело вино

две лажици вински оцет

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

300 г. природен мед.

Подготовка:

Магдоносот заедно со листовите ставете го во литар чисто природно вино и додадете 1-2 големи лажици чист вински оцет.

Варете 10 минути на тивок оган (водете сметка може да пени).

Потоа  додадете 400 грама квалитетен мед и оставете да се вари уште 4 минути. Врелото вино исцедете го и додека е топло ставете го во шише кое претходно е измиено со силен алкохол. Добро затворете го. Талогот кој се создава не е штетен и слободно може да се пие.

Употреба:

Напитокот се користи секојдневно, по една супена лажива до престанок на мачнините. За потешки заболувања потребно е да се пие во текот на подолг период.

 

- Реклама -