Чипови наместо влезници за технолошки фестивал

Иако комерцијално достапните модели се сé уште во рана фаза на развојот и можат да складираат само ограничена количина информација, микрочипови со големина на зрно ориз ќе бидат вградени под кожата на 10 доброволци кои планираат да го посетат технолошкиот фестивал Pause Fest, кој ќе се одржи од 7 до 11 февруари во Мелбурн, Австралија.

Зафатот со кој микрочипот се вградува под кожата, меѓу палецот и показалецот, не боли ништо повеќе од пирсинг или земање крв.

Во микрочиповите ќе бидат складирани податоци за тридневните влезници за Pause Fest, a ќе бидат програмирани да ги отклучуваат вратите на објектите во кои ќе бидат сместени волонтерите, како и теретаните и работните оддели, но и картите за јавен превоз.

Доброволците што ќе си вградат чипови, ќе почнат да ги користат уште сега (за сите набројани намени), во текот на следните четири месеци. Потоа, во рамките на фестивалот, на панел дискусија ќе ги споделат своите искуства околу функционалноста на чиповите и околу тоа да се биде чипиран.

Инаку, панел дискусијата ќе ја води Кајлa Хефернан, којa моментално пишува докторска работа на тема применета вградлива технологија. Самата таа веќе има два чипа во раката – еден со кој ја отвара вратата од својот дом, а друг за вратата од канцеларија…

 

Повеќе, на следниов линк.

- Реклама -