Роботот Cheetah сега трча побрзо и од Јусеин Болт (видео)

Е ова е веќе страшно, пострашно дури и од Big Dog. Најновата верзија на новиот робот на Пентагон, Cheetah, сега трча 0,8 километри на час побрзо од Јусеин Болт.

Ако може да го фати Јусеин Болт, каква надеж имаме ние, обичните луѓе. Според Boston Dynamics, кој го развива овој робот инспириран од природата за DARPA, Cheetah може да достигне брзина од 45,5 километри на час.

Максималната брзина на Јусеин Болт за време на неговиот светски рекорд на 100 метри во 2009 година 43,4 километри на час. Предноста која Cheetah ја има над Болт е што може да ја одржи таа брзина додека има енергија во батеријата, луѓето не можат да трчаат многу долго. Засега Cheetah добива енергија преку кабел но Boston Dynamics планира да тестира автономна верзија во првата половина на наредната година.

{youtube}chPanW0QWhA{/youtube}

Доктор Алфред Рици, предводник на проектот, вели дека „достигнување на оваа брзина на лента е голем предизвик и достигнување за кое е заслужен нашиот тим. Но нашата вистинска цел е да создадеме робот кој ќе се движи слободно на отворено. Создаваме автономна верзија која ја нарековме WildCat и ќе биде готова до почетокот на наредната година.“

- Реклама -