Во неколку високобуџетни филмови се шпекулира дека еден ден ние никогаш нема да ги напуштаме нашите компјутери и ќе го истражува светот преку виртуелна реалност и роботски аватар.
И токму ова е истражувањето кое нè носи еден чекор поблиску до таа иднина. Истражувачите од CRNS-AIST Joint Robotics Laboratory создале андроид кој може да биде контролиран само со мислите. Но тие сè уште го немаат достигнато степенот на користење на капа со електроди за да трчаат по улиците со својот аватар.
Во моментов корисникот одбира и се концентрира на слики со што му дава упатства на роботот за одредена задача. Технологијата е сè уште во зачеток и е доста груба, но истражувањето дефинитивно би можело да им помогне на параплегичари во форма на асистенти кои ќе можат да ги контролираат со своите мисли за завршување на секојдневни задачи.