Boeing – еден од најголемите производители на авиони во светот, има намера да воведе беспилотни летови со кои ќе управуваат компјутери. Веќе и денешните авиони полетуваат и летаат користејќи ги вградените компјутери, а низ годините бројот на пилоти на стандардните летови падна од три на два.
Компанискиот потпретседател за развој – Мајк Синет, најавува дека новата технологија ќе биде тестирана во кокпит-симулатор веќе летово, а прогнозира дека веќе следната година „ќе летаме во авиони во кои некои од одлуките – кои досега ги носеа пилотите, сега ќе зависат од вештачката интелигенција“.
Нормално, и беспилотните авиони ќе летаат според безбедносните стандарди на авиосообраќајот. Но претходно, Boeing ќе мора да ги увери регулаторите на воздушниот сообраќај да ја одобрат новата технологија.
За да се случи тоа, беспилотните авиони (за кои сé уште не постои соодветен сертификат) ќе мораат да докажат дека се способни да слетаат безбедно дури и во најтешките услови, како што тоа го направи капетанот Челси Саленбергер во „чудото на Хадсон“. Тогаш, во 2009-та, по полетувањето од Њујорк, авионот на US Airways налета на јато птици, по што сите мотори откажаа. Сепак, Челси успеа безбедно да го „приземји“ Airbus-от А320 (најголемиот) на реката Хадсон и ги спаси сите 150 патници.