BMW ја претстави новата верзија на кабриолетот Z4

Кабриолетот двосед со тврд покрив на BMW веќе има нов основен модел. Тоа е верзија sDrive18i на Z4, која ќе стапи на пазарот заедно со модернизацијата на моделот.

Во BMW Z4 sDrive18i ќе се вградува 2.0-литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, кој генерира 156 КЅ и 240 Nm, кој е во спрега со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач. Според информациите BMW Z4 sDrive18i, кој е со погон на задните тркала, забрзува од место до 100 km/h за 7.9 секунди (8.1 сек. со автоматски менувач) и може да развива максимални 221 km/h. Просечната потрошувачка на гориво е 6.8 l/100 km. Останатите модели на Z4 – sDrive20i, sDrive28i, sDrive35i и sDrive35is, остануваат без промени во погонот.

2014-BMW-Z4-Roadster-15[2]

Што се однесува до модернизација на BMW Z4, промените се минимални, па дури и тешко забележливи. Тие се во предните LED светла и кај некои елементи од надворешноста. Нови се и тркалата со големина 17 или 18 инчи.

Поголемите промени се сепак во ентериерот, кој се одликува со комбинација од црна кожа и портокалова алканатра и сјајни црни елементи околу отворите за воздух на средната конзола. Кожениот тапацир е стандардна опрема за sDrive28i и моделите над него, а како опција се нудат нови елементи од дрво.

1812121210317

Светската премиера на обновената BMW Z4 ќе се одржи во јануари 2013 година во Детроит, САД. Продажбата ќе започнат најдоцна во март.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -