BMW објави дека футуристичкиот i8 Concept Spyder е победник на 11-то издание на изборот на Концептавтомобил на годината во Северна Америка.
BMW i8 Concept Spyder располага со plug-in хибриден погонски систем. Вкупната максимална моќност на електромоторот и трицилиндерскиот бензински турбо агрегат е 354 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 550 Nm.
Двоседот е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 5 секунди и да развие максимална брзина на движење од 250 km/h (електронски ограничена). Во исто време, просечната потрошувачка на гориво е само 3 литри на 100 километри. Првите 30 од нив може да се поминат во 100% чист електричен режим на работа.
Во годинашниов избор се најдоа вкупно 34 кандидати за ова признание, односно концептни изданија кои се појавиле на салонските манифестации во Северна Америка во текот на една година, во Детроит, Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Торонто…
Објавено во соработка со Авто Плус.