Блинкен инсистира на јасен став на Г7 за судирот меѓу Хамас и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика министрите на земјите од Г7, кои се среќаваат во Токио, да изразат јасен став за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Ова е многу важен момент во врска со оваа криза и Г7 мора јасно и едногласно да се изрази, изјави Блинкен пред средбата со јапонскиот колега Јоко Камикава и вечерата со министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г7 денеска и утре одржуваат средба во Токио.

На состанокот ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас, војната во Украина, како и други прашања од Кавказ до Азија и Пацификот.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

МИА

- Реклама -