Роботот BFS-Auto дигитализира 250 страни во минута (видео)

Ако читате брзо тогаш најверојатно можете да завршите книга за еден ден, или помала за два часа. Но тоа не е ништо во споредба со BFS-Auto роботот за скенирање на книги.

Овој робот може да дигитализира 250 страни во една минута, што е брзо дури и за машина, со што го отстранува здодевниот дел од дигитализирањето. Наместо да ја скенирате или фотографирате секоја страна, BSF-Auto вашата работа се сведува на поставување на книгата во машината.

BFS-Auto прави две фотографии од секоја страна во обид да создаде што е можно подобра слика, по што софтверот ја израмнува сликата. Дизајнот сè уште е во развој но најверојатно ќе биде готов до 2013. Лесно е да се замисли како овој систем би бил корисен во дигитализирањето на книги и еден ден цела библиотека ќе може да биде дигитализирана за само неколку денови.

- Реклама -