Бет ван Шак: Изнесувањето на Путин пред суд за воени злосторства е само прашање на време

Амбасадорката Бет ван Шаак од Канцеларијата за глобална кривична правда при Стејт департментот денеска изјави дека „прашање на време е кога рускиот претседател Владимир Путин ќе биде изведен пред трибунал за воени злосторства“.

Ван Шак изјави за „Скај Њуз“ дека глобалната коалиција на држави и меѓународни адвокати работат заедно да изградат случај против Русија, што ќе доведе до самиот државен врв.

„Ние треба да ги поврземе сите злосторства што ги видовме на теренот во Украина, за кои имаме многу конкретни докази, со оние кои се во командите и кои контролираат“, рече амбасадроката.

МИА

Прочитајте и:  Шојгу: Рускиот нуклеарен „чадор“ првенствено е наменет за земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност
- Реклама -