Беспилотно летало кое може да избегнува пречки

Еден од најголемите проблеми на роботските авиони и хеликоптери е што не се способни да избегнуваат пречки без човечка помош.

Но наскоро дури и овие мали летала нема да имаат потреба од никаква помош од пилот. Истражувачите од Корнел Универзитетот развиле софтвер кој, во соработка со камера и хардвер кој имитира мозок, им помагаат на леталата да избегнуваат пречки како дрвја и бандери.

Софтверот претвора слика од камерата во леталото во 3D модел на околината. Роботскиот мозок потоа одредува кои предмети се пречки и ја менува својата траекторија соодветно. Ова би отстранило една од најголемите пречки кон создавање на целосно автономни летала: нивниот недостиг на систем за „чувствување и избегнување“.

[youtube]http://youtu.be/pUj7Ryom03c[/youtube]

Предводникот на истражувањето, Ашутош Саксена, се надева дополнително да го развие софтверот со што леталот би можело да го пресметува и ветрот како фактр, а дури и да се справи со пречки кои се движат – како птици.

Ваков софтвер би можел да има огромни импликации за идните дронови кои американската Federal Aviation Authority сака да ги користи за патролирање на воздушниот простор пред крајот на 2015 година. Ова истражување е финансирано од истражувачката гранка на американската војска, DARPA, и производителот на дронови Lockheed Martin. [Autonomous Miniature Aerial Vehicles: Vision-based obstacle avoidance]

- Реклама -