Белорускиот производител на автокомпоненти Fenox објави дека лансира нова марка на автомобили. Веќе е во производство и првиот автомобил во сопствено производство на Fenox Motors.
Засега новиот производ ќе ја носи ознаката Z300 и веќе е претставен на дистрибутерите на Fenox. Возилото е седан од D-класата, со современ дизајн и трендовски стил. Од Fenox велат дека моторот е 1,5 литарски од Mitsubishi, со VVT систем за наизменично вбризгување на гориво, а преносот е автоматски, јапонски, на Aisin. Самата конструкција на автомобилот е базирана на основа на елементи од Toyota Avensis и Avalon.
Според неофицијални информации, проектот Z300 е дело на кинеската компанија Zotye International Automobile Trading Co.. Zotye International е основан на 14 јануари 2005 гоидна од Zotye Holding Group, која пред тоа се занимава само со производство на компоненти.
Компанијата има репутација на сигурен партнер и има претставништва во десет странски земји. Од 2005 година, Zotye International постојано го зголемува меѓународното присуство со модели од својата палета. Првиот модел на марката е најмалиот SUV Zotye RX6400, попознат како Zotye Nomad, всушност, типично за Кина, е добра копија на Daihatsu Terios.
Новиот белоруски автомобил Z300 е направен со рачно монтирање и контакт заварување, начин на работа карактеристичен за повеќето кинески автопроизводители. Внатрешноста е доволно пространа, материјалите во него се пријатни, а инструмент таблата е од мека пластика.
Автомобилот ќе се произведува во белоруската фабрика Јунисон, во сопственост на Fenox. Таму досега се монтираа лесните камиони Lublin на Daewoo Motor и модели на Ford, од кој е останат и главниот дел на опремата.
Капацитетот на фабриката е 50-60 илјади автомобили годишно.Идејата е Z300 на почетокот е да се прави по принципот на монтажа од домашни и увезени делови, а потоа белоруското учество да се зголеми до 100%, вклучувајќи го и моторот и автоматиката. Цената на Z300 ќе биде околу 10.000 евра во Белорусија.
Објавено во соработка со Авто Плус.