Балансирањето со куп кеси од пазарувањето, шопинг…, или пак со товар кој мора да се држи со двете раце, барањето на клучевите за да го отворите багажникот, преминува во нервоза. Ваквото сценарио за клиентите на новата Kuga е само во сеќавањата, а новината со отворање на багажникот со нога е вистински хит?!
Минатата година новата Kuga беше првиот SUV во Европа, нудејќи отворање на багажникот без раце, овозможувајќи им на возачите да отвораат задната врата од багажникот, без да ги користат нивните раце, само со мало движење на нозете под задниот браник. Ова предизвика вистинско воодушевување кај клиентите на овој модел, па вкупно 35.700 сопственици на Ford Kuga – 48% од вкупно продадените единици – го порачале своето возило со овој систем во 2013 година. Кај Холанѓаните тој процент е неверојатен – 94%. Меѓу шесте најголеми европски пазари, технологијата е најпопуларна во Италија, каде е нарачана од 60% од клиентите, следена од Германија со 57%.
-Секојдневно се среќаваме со ситуацијата во која стоиме до автомобилот со полни раце и сонуваме да се отвори багажникот на некој магичен начин, изјави Ролант де Вард, потпретседател на одделот за маркетинг, продажба и услуги во Ford – Европа. – Хендсфри багажникот нуди технологија која нашите клиенти ентузијастички ја „приграбуваат“. Ова е генијално решение да си го олесните животот!
Системот вклучува два сензора во задниот браник, кој ја регистрира ногата на возачот и реагира на движењата на истата. Ова осигурува дека отворањето на багажникот без раце не може да се активира случајно, на пример ако мачка или друго животно помине под автомобилот. Ford навистина го усоврши овој систем, кој функционира беспрекорно, па затоа и оттука таков интерес за истиот. Новиот Ford Kuga е опремен исто со активен паркинг асистент, системот за сопирање во град и системот за погон на четири тркала. Ова е едно од најбараните возила во сегментот, кој единствен во 2013 забележа пораст во продажбата на Стариот континент.