Баерн, Милан, Сити и Сао Пауло ќе се сретнат на Ауди Куп

’Баварците’ денеска потврдија дека летоска ќе биде организиран третиот Ауди Куп на кој учество покрај нив ќе земат и Милан, Манчестер Сити и Сао Пауло.

Во рамките на подготовките за следната сезона, на 31. јули и 1. август на Алианц Арена ќе биде организиран третиот Ауди Куп.

Учество на атрактивниот турнир ќе земат Баерн Минхен, Милан, Манчестер Сити и Сао Пауло.

Ауди Куп 2013 ќе понуди можност контроверзниот Марио Балотели да се сретне со своите поранешни играчи, а исто така фановите би можеле да видат и дуел помеѓу браќата Кевин Принц Боатенг и Жером Боатенг.

Баерн Минхен го освои првото издание на Ауди Купот, кога во 2009 на пенали славеше над Манчестер Јунајтед, додека пак Барселона предводена од Пеп Гвардиола го подигна трофејот пред две години по триумфот над ’Баварците’ од 2-0.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Во меѓувреме, актуелниот шампион на Германија пренесе дека нивниот нов тренер Пеп Гвардиола го одбрал 26. јуни како денот за старт на подготовките за новата сезона.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -