Автомобилот кој се движи од мотор со компримиран воздух, може да тргне по улиците на светот уште оваа година. Гласините се дека тој ќе дебитира во Франција.
Индиската компанија Tata Motors направи презентација на својот автомобил Tata AirPod, кој е управуван со компримиран воздух. Автомобилот има 175 литарски резервоар, што е сосема доволно за да помине 200 километри. Максималната брзина која може да развие е 70 km/h.
Tata почна да го развива овој автомобил со мотор со компримиран воздух, во почетокот на 2012 година Всушност уште од 2007 година индискиот производител работи на ова поле заедно со Motor Development International, кога беше навестен самиот процес на работа на моторот. Минатата година развојот влезе во последната фаза, за да конечно наскоро го видиме и на пазарот.
Според Tata, полнењето на резервоарот се компримиран воздух се одвива за две минути и чини само едно евро. Автомобилот е 100% еколошки и не испушта никакви штетни супстанции во атмосферата. Во неа можат да се превезуваат тројца патници. Tata Motors ветува дека наскоро AirPod ќе биде понуден во продажба по тестовите кои треба да бидат спроведени во Франција уште оваа година.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус