Руски производител на автомобили го претстави на пазарот својот најнов луксузен модел кој чини 1милиони евра. Некогаш одамна, чудните нешта ќе завршеа кај оклопот, позлатените стакла отпорни на куршуми, но не и овојпат. Овој автомобил има седишта направени од кожа од пенис на кит.

Dartz Prombron Monaco Red Diamond Edition е автомобилот кој од производителите е претставен како најлуксузното теренско возило на сите времиња. Перформансите немаат никаква врска со цената од 1 милион евра која е одредена за моделот.
Металот на шасијата е идентичен како на оклопните возила за пренос на пари, а дополнително е обложен со кевлар, стаклата се позлатени и исто така непробојни, а најголемиот шок доаѓа во областа на ентериерот. Покрај фактот што мерните инструменти на шалт-таблата се изработени од дијаманти, кожата од која се направени седиштата е од пенисот на китови.
Се верува дека за првпат таквата кожа е употребена за изработка на ентериерот на ултралуксузната јахта на Аристотел Оназис „Кристина О“ која беше најскапа во своето време.
Автомобилот кој тежи 4 тони несомнено ќе предизвика протести од друштвата за заштита на животни. А, ако се прашувате колку китови биле убиени за да се направи еден ваков автомобил, тогаш треба да знаете дека пенисот на еден син кит расте до 2,4 метри. Според тоа – не многу.