Audi и Ducati во чест на пријателството (видео)

Двата технолошки бисери RS5 и Multistrada 1200S на најдобар начин ги покажуваат перспективите кои може да ги донесе иднината…

Гледајќи ги еден покрај друг, како што беа покажани во предвечерието на годинешното издание на фамозниот ридски натпревар Пајкс Пик, двете високонапредни машини најдобро го илустрираат искуството на марките Audi и Ducati, секоја во својот свет. Симболиката е уште поголема ако се знае дека на натпреварот можат да учествуваат оние кои имаат возачка дозвола и за автомобил и за мотоцикл.

{youtube}x_Mk3IwEBiY{/youtube}

Колку инженерите на Audi и Ducati ќе ги искористат можностите што им ги овозможува заедничката сопственост, ќе одлучат високите менаџери советувани од маркетиншките одделенија на двете марки.

Објавено во сорботка со Авто Плус.

- Реклама -