Арсовска контра СДСМ: За наредната година издвојуваме рекордна сума буџетски средства за субвенции за инвертери

„Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години“, соопштија од Град Скопје како одговор на прес-конференцијата на СДСМ, од каде обвинија дека градоначалничката Данела Арсовска за шест пати ги намалила средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

„Арсовска крати буџетски средства во секторот за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.

Субвенциите кон скопјани за инвертори за следната година се намалени на само 24 милиони денари, шест пати помалку од претходно!“, велат од СДСМ.

Од Град Скопје, пак, потенцираат дека се работи за буџетски средства на општината:

„Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари. Сумата која беше издвоена во 2018-та година беше уште помала, односно само 10 милиони денари“, се вели во соопштението.

Во четирите години на поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари, додаваат од Град Скопје.

- Реклама -