Apple ја загуби тужбата против Samsung во Јапонија

Samsung има доста подобро искуство во азиските судови отколку во САД. Јапонски судија оценил дека телефоните и таблети на корејската компанија не ги нарушиле патентите на Apple и му наредил на Apple да ги плати сите законски трошоци на Samsung.

Како и на судењето во Америка, судскиот случај беше започнат од Apple кој тврдеше дека телефоните на Samsung и Galaxy Tab ги нарушиле авторските права на Apple – овој пат со „синхронизирање на музика и видео со сервери“. Но овој пат, одлуката била во корист на Samsung.

Отфрлајќи го случајот, Окружниот Судија од Токио, Тамотсу Шоџи изјавил: „Тешко е да се поверува дека производите припаѓаат на истата технологија на обвинителот.“ Одлуката е донесена само неколку дена откако американски суд одлучи во корист на Apple и му нареди на Samsung да плати 1,05 милијарди долари.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Претходно, корејските судии покажаа дека за разлика од нивните американски колеги тие можат да бидат непристрасни со одлука во ничија корист. Оваа одлука нема да мѕ помогне на Samsung да ја надмине загубата од американското судење но корејскиот производител сè уште може да поднесе жалба. [Apple loses patent lawsuit against Samsung in Japan]

- Реклама -