Apple ги објави финансиските резултати за првиот квартал на фискалната 2015 година, со тоа што само во овој период компанијата забележа рекордни приходи од 74.6 милијарди долари, а нето добивката изнесува 18 милијарди. За споредба, првиот квартал од минатата година и донесе на Apple приходи од 57.6 милијарди долари, а нето добивка од 13.1 милијарди. За Q1 на 2015 бруто добивката била 39.9%, во споредба со 37.9% за претходната година.
Меѓународна продажба изнесува 65% од приходите за овој квартал.
За овој период Apple има продадено рекордни примероци iPhonе – вкупно 74.5 милиони.
„Нашите приходи се зголемија за 30% во споредба со минатата година”, вели Тим Кук, извршниот директор на Apple.
Во продолжение погледнете ги сите резултати презентирани од страна на компанијата, за првиот квартал на фискалната година:
Приходи: 74.6 милијарди долари, за 30% повеќе од очекуваните 67.5 милијарди долари.
Продажбата на iPhone: 74.5 милиони, за 46% повеќе од очекуваните 65 милиони.
Приходи од iPhone: 51.2 милијарди долари.
Просечна продажна цена на iPhone: 687 долари, очекувани 668 долари.
Продажба на iPad: 21.4 милиони, за 17% помалку од очекуваните 22 милиони.
Приходи од iPad: 9 милијарди долари.
Просечна продажна цена на iPad: 419 долари, очекувани 436 долари.
Продажба на Mac: 5.52 милиони, за 14% повеќе од очекуваните 5.5 милиони.
Приходи од Mac: 6.9 милијарди долари.
Потсетуваме дека претходно овој месец стана јасно дека продажбата на новите iPhone-и во Јапонија, Кина и Јужна Кореја бележат рекордни вредности.