Apple потврдија, новиот телефон ќе се вика iPhone 5

Во изминатите години, одговорните за PR во Apple со сите сили се трудеа да ги одржат новинарите и блогерите кои се бават со технологија на погрешна трага, за да можат потоа во целост да ја изненадат јавноста при претставувањето на новите производи. Но, по она што се случи со iPhone 4S, кога се почувствува благо разочарување, се чини дека компанијата сега зазема поинаков пристап.

На една недела пред официјално закажаниот датум за претставување, 12 септември, од Apple стигна потврда дека новиот телефон ќе се вика iPhone 5, со што се стави крај на шпекулациите дека името iPhone ќе биде сменето. Исто така, речиси сигурно се знае дека новиот модел ќе има поголем дисплеј, ќе биде подолг, а потенок, со помоќна батерија и сосема нови конектори за сите додатоци. Останува нејасно уште дали и iPad Mini ќе биде претставен на истиот настан или пак Apple ќе останат на првичните најави и ќе организираат посебен настан во текот на октомври.

- Реклама -