Се чини дека долго најавуваниот iPad Mini ќе пристигне за празничната сезона. Apple ќе одржи два настани есенва: еден за iPhone 5 во септември и уште еден за iPad Mini во октомври.
Иако Apple нема потврдено, компанијата планира да го одржи настанот за iPhone 5 на 12 септември во Калифорнија и да започне со продажба на 21 септември. Настанот на малиот iPad ќе биде наскоро потоа во октомври.
Според претходни извештаи, помалиот iPad ќе има 7,85 инчен дисплеј и ќе биде поевтин од сегашниот iPad. Иако според Стив Џобс не постои пазар за помали таблети, во интерна комуникација на Apple било откриено дека Џобс се премислил пред неговата смрт.
„Верувам дека ќе има побарувачка за 7 инчни таблети и мораме да направиме еден“ пишал Еди Кју, заменик претседател на Internet Software and Services во Apple до Тим Кук на 24 јануари минатата година.
Конкуренцијата на пазарот за 7 инчни таблети се засили минатава година. Amazon и Barnes & Noble создадоа свои таблети кои се едни од најпопуларните Андроид гаџети а во јуни Google го пушти во продажба Nexus 7 таблетот од 200 долари. Амазон би требало да го пушти новиот Kindle Fire во продажба во септември на настан во Лос Анџелес. [‘iPad Mini’ to get its own event in October after new iPhone reveal]