И покрај тивката прва половина од годината за Apple што се однесува до новите производи, ‘бурата ќе се зголеми’ кога ќе дојде септември.
Според извештајот на 9to5Mac, ивршниот директор на Apple, Tim Cook, оваа недела зборел со вработените од одделот за продажба во Сан Франциско за плановите за новите пристапи на компанијата во продажбата на iPhone уреди во продавниците на Apple.
Во суштина, Cook рекол дека компанијата развива нови инцијативи и за корисниците кои купуваат iPhone телефони но и за оние кои ги продаваат своите стари смартфони во продажните салони на Apple, како онаа која што е објавена неодамна која нуди 50 долари картичка за подарок за студентите кои купуваат нов iPhone.
Одговорните кои биле присутни на состанокот изјавиле дека компанијата се обидува да го зајакне своето работење во малопродажбата за време на летото бидејќи планира да претстави ‘цела армија’ нови производи оваа есен, што најверојатно ги вклучува iPhone 5S, петтата генерација на iPad, втората генерација на iPad mini како и евтиниот модел на iPhone.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk