Apple порачува огромни количини од 4.7-инчните и 5.5-инчната верзија на iPhone 6, кој што ќе излезе на пазарот оваа есен, информира Wall Street Journal. Од издaнието се повикуваат на неименувани извори од давателите на компанијата, кои тврдат дека Apple нарачала меѓу 70 и 80 милиони смартфони да бидат произведени до крајот на годината.
Износот на договорот на Apple е индикатор за увереноста успехот на новиот телефонски модел. За споредба, минатата година Apple нарача околу 50 – 60 милиони парчиња за излегувањето на моделите iPhone 5S и iPhone 5C.
Прочитај повеќе: Се што треба да знаете за новиот iPhone 6!
Од WSJ забележуваат дека зголемената побарувачка од страна на Apple за iPhone е резултат на нејзиното партнерство со China Mobile и нејзината желба да го популаризира смартфонот на пазарите во развој. Давателите Foxconn и Pegatron ќе почнат да го произведуваат 4.7-инчниот нов iPhone следниот месец. Hon Hai Precision Industry Co. ќе започне производството на 5.5-инчниот модел во септември, според WSJ.
Ова веројатно значи дека 5,5-инчниот телефон нема да излезе на пазарот порано од месец или два по пуштањето на 4.7-инчниот модел.