Новиот iPhone 6 се очекува да биде претставен во септември, со тоа што намерно или не, дефинитивно не е најдобро чуваната трговска тајна во светот. Многу слики и информации протекоа на интернет, па еве една колекција за тоа што можажт да очекуваат корисниците според информациите на светската мрежа, собрани од весникот Business Insider.
Ќе има поголем дисплеј
Една од најбезбедните работи е дека екранот за прв пат ќе биде поголем од оној на сегашните модели, кои досега се задржани без промена кај новата генерација од моделот. Новиот модел ќе има екран од 4.7-инчи, а најверојатно ќе биде претставен и модел со 5.5-инчи, кој сепак се очекува да излезе на пазарот подоцна.
Екранот ќе биде супер одржлив
Се чекува екранот на смартфонот да биде направен од исклучително издржлив материјал кој е речиси невозможно да се изгребе или скрши при нормална употреба и пад. Покрај тоа, екранот најверојатно ќе може да се наведнува.
Посветол екран
Не само што ќе биде поголем, туку новиот дисплеј на iPhone 6 се очекува и да биде посветол. Резолуцијата најверојатно ќе биде на ниво од 1 704 х 960 пиксели, спрема 1 136 x 640 пиксели во претходниот модел со 4-инчен дисплеј.
Екранот ќе вибрира при допир
Новиот паметен телефон се очекува да има можност да вибрира малку при допирот на неговиот дисплеј.
Моделот ќе е потенок
Иако се уште не е целосно јасен новиот модел на smartphone најверојатно ќе биде потенок од својот претходник, а дизајнот во многу поголема мера ќе се приближи до оној на iPod, отколку до последната петта верзија на моделот.
Ќе биде достапен во две бои
Според првичните податоци новиот модел најверојатно ќе се нуди во две бои – црна и сребрена боја. Лесно ќе можат да се направат порамнувања, како и да се разменат податоци. Имало шпекулации дека со моделот ќе може да се плаќа или да се разменуваат податоци само преку допир на уредот.
Ќе може да се полни безжично
Ова е една од најмалку веројатните работи кои ќе може да ги прави новиот iPhone, но има неколку извори, кои шпекулираат дека тоа веќе ќе може да се случува.
Подобра продуктивност и издржлива батерија
Apple има навика да им овозможува на новите генерации iPhone побрзи и помоќни процесори. Има шпекулации дека новиот модел ќе биде со следната генерација чипови – со името А8, кои ќе се осврнуваат врз потрошувачката на енергија, што ќе значи и повеќе издржлива батерија.
Може да е со многу подобра камера
Многу експерти изразија мислење дека камерата на новиот модел може да е значително подобра од онаа на нејзините претходници. Се очекува таа да има оптички стабилизатор.
Можно е да дава информации, како температура и атмосферски притисок.
Програмери откриле скриен код во најновата верзија на iOS за давање на информации поврзани со температурата и атмосферскиот притисок.