Технологијата на Apple кобна за крадецот што го ограби Стив Џобс

Технологијата на Apple ѝ помогна на полицијата да го најде човекот кој го ограби домот на Стив Џобс минатиот месец.

Крадецот провалил во домот на ко-основачот на Apple во јули и собрал предмети вредни 60.000 долари, но детали за кражбата не биле објавени до оваа недела. Во вторникот беше објавено дека 35 годишниот Крием Мекфарлин се обидел да го продаде накитот од Tiffany и се обидел да го користи хардверот од Apple.

Еден од двата iMac или три iPad кои ги украл се поврзале со централни сервери за да направат апдејт. Единица составена од локални полицајци и членови не безбедносниот тим на Apple го искористиле хардверот за да ја најдат точната локација на Мекфарлин. Куќата на Стив Џобс била во процес на реновирање и била празна во моментот на кражбата.

- Реклама -