Apple лаже дека продал 9 милиони iPhone смартфони

Аналитичарите на Wall Street загрижено ги следеа извештaиите за продажбата на новите iPhone 5S и iPhone 5C за кои се очекуваше дека ќе достигнат бројка од 5 до 6 милиони, но потоа Apple лансираше бомбастична вест со податокот дека се продадени над 9 милиони примероци. Сепак, ова тврдење не го прифаќаат сите, особено Џин Мунстер, аналитичар од инвестициската куќа Piper Jaffray.

iphone 5c not cheap(2)

Според Џин Мунстер Apple направил лажна објава на податоците, бидејќи според извештаите вистинската продажба изнесува околи 5.5 милиони продадени смартфони, како што и првично се очекуваше. Но, каде лежи измамата на Apple? Останатата бројка е вештачки напумпана со доставата на голем број на iPhone 5S и iPhone 5C до операторите за нивните залихи, кои всушност сеуште не се продадени.

iphone-5s-and-iphone-5c(2)

Вториот проблем е што голем дел од овие залихи се составени од iPhone 5C кој како што покажаа податоците е многу слабо продаван, односно речиси четири пати помалку отколку iPhone 5S во кој се содржани сите новитети. Во продолжение погледнете ја целосната анализа на Џин Мунстер во интервју за Bloomberg.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk.

- Реклама -