Apple iPad mini 2 наскоро на пазарот

Втората генерација на таблетот iPad mini со големина на екранот од 7.9 инчи наскоро ќе се појави на пазарот и ќе ја засили понудата на Apple кој истовремено ќе претстави дури два смартфони iPhone 5S и евтиниот iPhone 5C.

ipad-130624-1

Новиот таблет на Apple ќе ја задржи истата форма како и iPad mini што значи дека Apple засега не планира таблет со големнина од 7 инчи кој би бил директен противник на Google Nexus 7.

ipad-mini-2

Во однос на спецификациите на iPad mini 2 засега не се познати многу детали, освен стандардните информации за подобрувања во хардверот и батеријата, како и тоа дека таблетот ќе стартува со новиот оперативен систем iOs 7. Инаку и iPad mini 2 ќе го задржи високото ниво на квалитет на градба со алиминиумска прекривка.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -