Apple ги објави најдобрите апликации за iPhone и за iPad во 2012 година, а меѓу нив се наоѓаат и неколку неочекувани избори.
Годинава, Apple ја одбра апликацијата Action Movie FX како најдобра за iPhone, додека Paper е најдобрата апликација за iPad.
The Room го доби признанието за игра на годината за iPad, а Rayman Jungle Run го собра истото признание во категоријата за iPhone.
Компанијата, исто така, ги откри најпопуларните платени и бесплатни апликации за 2012 година. Бесплатната Youtube е најпопуларна кај корисниците на iPhone, а меѓу платените на првото место се наоѓа играта Angry Birds. Кај корисниците на iPad, пак, Angry Birds Space HD е најпопуларна платена апликација, додека Skype e најкористена бесплатна варијанта.
Секоја година, гигантот Apple објавува листа со најдобрите апликации за своите паметни играчки во неколку категории. Минатата година, Instagram беше најдобрата апликација за iPhone, а Snapseed беше најдобра за iPad. Меѓутоа, годинава Instagram е дел од Facebook, a Snapseed е под закрила на Google. [Apple Names Its Best iPhone and iPad Apps of 2012]