Американски борбени авиони Ф-22 на Блискиот Исток поради можен напад врз Израел

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека борбените авиони Ф-22 на американското воено воздухопловство пристигнале на Блискиот Исток, во очекување на ирански напад врз Израел.

-Американските воздухопловни сили Ф-22 Рапторс пристигнаа во областа на одговорност на Централната команда на САД на 8 август како дел од промената на ставот на американските сили во регионот за да се ублажи можноста за регионална ескалација од страна на Иран или неговите полномошници. Се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ на „X“.

Иран вети одмазда по убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран, за што Техеран и палестинската милитантна група го обвинуваат Израел.

Прочитајте и:  Блинкен: САД ќе се прилагодат за да ѝ го дадат на Украина тоа што и треба
- Реклама -