Албански интелектуалци со писмо до Уставен за Законот за јазици, го предупредуваат да не ја загрозува меѓуетничката кохезија

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори денеска потпишаа отворено писмо упатено до Уставниот суд, во кое бараат Судот да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик. Меѓу потписниците се и Ректорите на три универзитети на албански јазик: проф. Др. Абдулменаф Беџети – УЈИЕ, проф. Др. Јусуф Зејнели – Универзитет во Тетово, проф. Др. Изет Зеќири – Универзитет Мајка Тереза. Исто така, меѓу потписниците има познати професори и актуелни декани на повеќе факултети, меѓу нив го издвојуваме и познатиот лингвист проф. Др. Агим Винца, потоа професорите: Агни Дика, Нури Беџети, Абдула Алиу, Аслан Билали, Сафет Емрули. , Ќебир Авзиу, Јетон Шасивари, Фатмире Лумани, Мерсим Максути, Арта Билали, Фадил Зендели, Башким Зибери, Муамет Шехаби, Кенан Ферати, Етем Исени, Ружди Матоши, Фати Исеини.

 

ОТВОРЕНО ПИСМО НА ГРУПА АЛБАНСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Упатено до Уставниот суд на Република Северна Македонија

Почитувани судии,

Ние, членовите на албанската академска заедница во Република Северна Македонија, внимателно ја следиме вашата работа и vaшite активности (како телевизиски изјави, интервјуа и сл.) во врска со барањето поднесено до овој суд за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците, усвоен во Републичкото Собрание и објавен во Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 7/2019.

Дозволете ни да ја истакнеме нашата чувствителност, човечка и национална, за статусот на нашиот мајчин јазик – албанскиот јазик во Република Северна Македонија како прашање од капитално значење за нас, и веруваме, за сите оние кои и го сакаат доброто na оваа држава.

Сосема е природно да се заложиме за целосна рамноправност на албанскиот јазик како јазик за комуникација не само на локално, туку и на национално ниво. Правниот акт од 2019 година го санкционира ваквиот статус на албанскиот јазик во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците. Овој третман е гаранција за еднаквост, лојалност и меѓусебно почитување на граѓаните кон РСМ како држава.

Од она што сме имале можност да го слушнеме од вас, почитувани судии, како и од некои високи политички претставници (како на пример, изјавите на премиерот Мицковски, кој тврди дека ќе се укинат само два-три члена од законот), имаме причина да се сомневаме дека можете да станете учесници во остварување на сценарио со политички мотиви, кое го има за цел токму она што отворено се декларира на највисоко државно ниво.

Со оглед на уставната позиција и улогата што вие ја имате како претставници на највисоката правна институција, која според Уставот е независна и без политички влијанија, продолжуваме да се надеваме дека нема да дозволите остварување на вакви сценарија, кои ги povreduvaат чувствата на секој албански државјанин. Ваквата постапка би ја поткопала довербата на граѓаните, особено на Албанците, во функционирањето на институцијата што ја застапувате и од која се очекува да носи одлуки самостојно, според сопствени убедувања, врз основа на Уставот и законите, а не според политички влијанијe, од било која страна да доаѓале тие.

Прочитајте и:  Реакциите на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на црната листа на САД (ВИДЕО)

Го потсетуваме широкото јавно мислење и вас, почитувани судии, дека досегашната работа на Уставниот суд предизвикувала тензии и незадоволство, секогаш кога тој донесувал еднострани и самоволни одлуки, кои довеле до сериозни последици врз меѓуетничките односи и ги нарушувале националната права на Албанците за еднаквост и правда, реализирани на институционален начин.

Доволно е да се потсетиме на пресудите на Уставниот суд од 1997 година, кои доведоа до насилна државна интервенција во општините предводени од легитимно избраните албански градоначалници. Тоа доведе до трагичните настани во Гостивар, каде имаше и човечки жртви.

Вашата совест и вашиот професионализам не треба да дозволуваат да вашите одлуки бидат поттикнувачи на незадоволство или повторување на последици и пресуди со политички мотиви, како оние што ги споменавме погоре. Не треба да се заборави и пресудата од 2007 година, која доведе до оставка на претседателот и еден од албанските членови на Уставниот суд.

Во оваа прилика го изразуваме и нашето несогласување и нашата огорченост во однос на одлуката за укинување на декларирањето на етничка припадност, со која практично се враќаме на времето пред потпишувањето на Охридскиот мировен договор, бидејќи ја елиминира можноста за пренесување правична и соодветна застапеност, што е уставна категорија и што овозможи вклучување на Албанците и другите заедници во институциите. Секој тренд што има за цел, макар и на софистициран начин, да го промени карактерот на државата и да правилното застапување го претвори на само зборови на хартија, ја поткопува меѓуетничката кохезија и ја загрозува меѓусебната доверба во нашата мултиетничка држава.

Општо е верувањето дека горенаведените случаи оставиле длабоки рани во меморијата на Албанците од Република Северна Македонија. Вие, како членови на институција задолжена за заштита на уставниот поредок и на вредностите промовирани со Уставот, особено во однос на взаемното почитување на етничките права во мултиетничкото општество како што е Република Северна Македонија, имате законска обврска за да ги зачувате овие вредности.

Сакаме да веруваме и да се надеваме дека Вашата морална и професионална совест нема да го дозволи загрозувањето на уставните вредности и ќе покаже доволна чувствителност кон веќе стекнатиот статус на јазикот на втората етничка заедница во државата, албанскиот јазик.

Со почит.

Скопје, на ден 6.12.2024 г.

Група албански интелектуалци и универзитетски професори

- Реклама -